– МЗТ Скопје Аеродром, Феникс 2010, Пелистер и ТФТ Скопје ја продолжуваат битката за пехарот во македонскиот кошаркарски Куп по комплетирањето на денешните четвртфинални дуели.
Разврската на завршниот турнир во Скопје во рамки на 30. издание на Купот „Благоја Георгиевски – Буштур“ почна со триумф на МЗТ Скопје Аеродром над Кожув од 80-68, по што во драматичен натпревар Феникс 2010 беше поуспешен од Гостивар со 72-70.
Пласман во полуфиналето вечерва во СРЦ „Кале“ обезбеди и Пелистер со победа над Еуро Никел од 79-70, додека бранителот на трофејот ТФТ Скопје го совлада градскиот ривал Работнички со 79-73.
Во утрешните полуфиналиња ќе играат Феникс 2010 – Гостивар и МЗТ Скопје Аеродром – ТФТ Скопје.