Британско истражување покажало кој комплимент најмногу го сака понежниот пол.
Жените повеќе сакаат да слушаат дека изгледаат млади отколку дека ослабеле или дека фармерките им стојат совршено.
Истражувањето покажало дека до 60 отсто од анкетираните жени сакаат да слушнат дека изгледаат млади, а ова е комплиментот кој најмногу ќе им ја поттикне самодовербата.
Исто така, 41 отсто од испитаниците сакаат да бидат помлади, а 62 отсто од нив се изјасниле дека активно се занимаваат со забавување на процесот на стареење со користење на разни природни и козметички производи.
Истото истражување покажало дека жените на 39 и пол години чувствуваат поголем стрес поради стареењето бидејќи го мразат својот 40-ти роденден.
За разлика од нив, жените кои наполниле 55 години добиваат најголема доверба во својот изглед.