– Говорот на американскиот конгресмен Џејк Окинклос за нацрт-законот за создавање американско-израелски центар за вештачка интелигенција во Претставничкиот дом на САД, по негова замисла, бил напишан со помош вештачка интелигенција.
Кусиот говор од два пасуса, прочитан во Претставничкиот дом од демократот од Масачусетс, е создаден од интернет-четбот вештачка интелигенција наречена „Чет-ГПТ“ (ChatGPT). Конгресменот рече дека ѝ дал задача на програмата „да напише 100 зборови за тој да одржи говор во Претставничкиот дом“ за нацрт-законот. Окинклос додаде дека морал неколку пати да ја усовршува задачата за да ја добие конечната верзија на текстот што го прочитал. Според конгресменот и неговите соработници, ова е првпат во Конгресот на САД да се одржи говор напишан од вештачка интелигенција.
Тој појасни дека донел одлука – дел од неговиот говор да биде создаден преку „Чет-ГПТ“ за да се поттикне дискусија за вештачката интелигенција, т.е. предизвиците и можностите поврзани со неа.
– Јас сум најмладиот родител меѓу демократите и вештачката интелигенција ќе биде дел од мојот живот. Тоа може да стане технологија за општа намена за моите деца, рече Окинклос (34).
Појавата на „Чет-ГПТ“ и сличните на неа програми понудени на интернет, веќе е предизвик за наставниците, кои сега треба да се спротивстават на „трендот“ во зародиш – есеите од учениците и студентите, всушност, да бидат подготвени од вештачка интелигенција. Истражувачите се загрижени и за можноста дека чет-ботовите би можеле да овозможат во ширењето дезинформации, лажни вести и пропаганда.