Кондензацијата на прозорците предизвикува сериозни проблеми! Спречете го со помош на генијален трик

Постои едноставно решение за кондензација кое сигурно го имате дома.

Во зимските месеци често се формира кондензација на прозорците, што може да предизвика сериозен проблем, како што е појавата на влага и мувла. Постои многу едноставно решение за  кондензација  што веројатно веќе го имате во вашата бања.

Користете пена за бричење

Еден човек, досаден да си ги брише прозорците секој ден, се обрати на форумот за експерти за заштеда на пари за да праша кој е најдобриот начин да се спречи таложење на влага на неговите прозорци. Имаше многу корисни совети напишани од луѓе со искуство, а една жена напиша дека пробала сè и дека најлесно решение да се спречи кондензацијата на прозорците е да се нанесе мала количина пена за бричење на внатрешната страна на прозорецот.

Што треба да направите

„Внатрешноста на прозорецот премачкајте ја со пена за бричење . Нанесете ја рамномерно со крпа, не употребувајте премногу, само колку да остане тенок слој. Тријте додека не се исчистат прозорците, ќе остави тенок мрсен слој“, напиша една жена, додавајќи дека ова го решава проблемот со бришење прозорци секој ден во зима.