Килијан Мбапе дефинитивно останува во Пари Сен Жермен оваа сезона, колку што му трае актуелниот договор со францускиот шампион. Сепак, брилијантниот напаѓач ја отфрли можноста да го продолжи договорот со откупна клаузула за следниот летен преоден рок.
Претседателот на ПСЖ летово дури му се закани на својот напаѓач во присуство на мајка му и агентот Фајза Ламари дека повеќе нема да го носи клупскиот дрес. Но, сега Насер Ал-Хелаифи ја промени приказната.
„Килијан Мбапе е неверојатен играч и фантастична личност. А клубот на ПСЖ, на теренот и надвор од него, никогаш не бил толку единствен“, изјави катарскиот предводник на парискиот клуб, во чии зборови многумина препознаа порака за Лионел Меси и Нејмар…
И од каде таков пресврт околу случајот со Килијан Мбапе, иако тој не потпиша продолжување на договорот ? Како што пренесува порталот 90min, се чини дека двете страни сепак нашле формула за мирен соживот и добра соработка во преостанатото време од постоечките договорни обврски.
Според овој извор, Килијан Мбапе на крајот на сезоната ќе го напушти „Паркот на принцовите“ како слободен играч и најверојатно ќе замине во Реал Мадрид, но сепак е подготвен да се откаже од бонусот од 80 милиони евра што требаше да го добие за последната година од договорот.
Парижаните на почетокот на летото ја прифатија рекордната понуда на Ал Хилал од 300 милиони евра, но Килијан Мбапе не одговори ниту на „додворувачите“ од Саудиска Арабија. Во опишаната варијанта сепак најдоа начин барем делумно да се средат финансиски, а воедно уште една година ќе го имаат на располагање еден од најдобрите напаѓачи на денешницата.