Цела свет синоќа беше шокиран по веста дека српскиот фудбалер Драгиша Гудељ изгубил свест и паднал на теренот.
Натпреварот помеѓу Кордоба и Расинг Ферол беше прекинат во 11. минута поради вознемирувачката сцена. Навивачите останаа загрижени но со причина – српскиот фудбалер Драгиша падна на теренот и никој не знаеше што се случува. Но според последните информации Драгиша во моментов се чувствува добро и сè ќе биде во ред со него.
Во оваа прилика се огласи и српскиот репрезентативец Немања, братот на Драгиша, кој на познатиот спортски новинар Небојша Петровиќ му порача дека со Драгиша сè е во најдобар ред.
Да потсетиме, откако Драгиша синоќа изгубил свест, медицинската служба итно реагирала, а по укажаната прва помош Србинот бил пренесен во локална болница.