Конзумирајте ги овие пет намирници за да го збрзате растењето на косата

Косата расте по еден сантиметар месечно, но има луѓе кои имаат генетски предиспозиции за побавен раст на косата. Поради ова, многумина посегнуваат по разни козметички производи и маски, но исто така одлучуваат да ја променат исхраната за да го подобрат растот на косата.

Правилната исхрана и нега се исклучително важни доколку сакате вашата коса да биде здрава и густа. Дебелината на косата зависи од возраста на личноста, но и од начинот на живот. Прекумерното консумирање алкохол, пушењето и стресот лошо влијаат на косата. Исто така, фен за коса и алатки за стилизирање може да ја оштетат косата.

Доколку имате проблеми со опаѓање на косата и сакате да го подобрите растот, храната богата со есенцијални витамини и минерали ќе ви биде од голема корист.

Со консумирање на овие пет намирници можете да ја растете, но и да ја направите вашата коса поцврста и погуста.

Камилица

Камилицата е лековито растение кое најчесто се консумира како чај, а се препорачува за пациенти кои страдаат од стомачни пореметувања, грчеви, стомачни болки, а добра е и за смирување. Сепак, ова скапоцено растение е богато со антиоксиданси и цинк, кои ги обновуваат фоликулите и на тој начин го спречуваат опаѓањето на косата. Благодарение на нив, косата расте побрзо и станува посјајна.

Краставица

Иако е главната состојка во салатите, краставицата често се користи и за нега. Составен дел е и на бројни козметички препарати. Содржи антиоксиданси како што се витамин Ц, манган и бета каротен и бројни флавоноиди, од кои сите можат да бидат корисни за заштита на фоликулите. Краставиците се исто така добар извор на силициум, минерал кој се наоѓа во сврзното ткиво и го поттикнува растот на косата.

Спанаќ

Ако страдате од недостаток на железо, тоа може да предизвика губење на косата. Кога нивото на железо во крвта е ниско, кислородот и хранливите материи не успеваат да стигнат до крајните дестинации, а со тоа фоликулите на косата се лишени од хранливи материи, што резултира со намалување на растот на косата. Исто така, може да има проретчување на косата, но зголемено опаѓање. Затоа, многу е важно да се консумира храна богата со железо, особено спанаќ. Освен железо, спанаќот содржи витамини и минерали, вклучувајќи витамин К, витамин Ц, фолна киселина, манган, магнезиум, бакар и бета каротен. Спанаќот делува и како антиоксиданс, бидејќи е извор на флавоноиди и каротеноиди.

Агруми

Витаминот Ц е неопходен за нормално функционирање на организмот, помага за побрзо апсорпција на железото, но го поттикнува и растот на косата. Луѓето кои консумираат доволна количина на витамин Ц имаат силна, густа и здрава коса. Ако сакате вашата коса да биде здрава и бујна, консумирајте што повеќе портокали, лимони и други агруми.

Јаткасти плодови

Сојузник на нашето здравје се секако мешунките од орев, кои се богати со омега-3 масни киселини, а се неопходни за нормално функционирање на нашиот организам. Омега-3 масните киселини имаат заштитно дејство врз здравјето на кардиоваскуларниот систем, но и на дигестивниот систем. Сепак, консумирањето јаткасти плодови може да помогне да се намали опаѓањето на косата и да се подобри растот на косата.