Конкурсот за нов претседател на Антикорупциската комисија е отворен, рокот за аплицирање ќе трае 10 дена

Конкурсот за избор на нов претседател на Државната комисија за спречување на корупција ќе биде објавен утре.

Собранието најавува дека рокот за аплицирање ќе трае 10 дена, додека постапката ќе продолжи според роковите утврдени во член 12 од Законот за спречување на корупција и судир на интереси.

Претходно, Собранието ја констатираше оставката на поранешната претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата, Татјана Димитровска.

Таа поднесе оставка на 25 јули, откако Обвинителството за организиран криминал поднесе обвинение против неа за две кривични дела.