Конституирана новата Комисија за помилување – ќе ја води поранешната врховна судијка Милка Ристова

Претседателката Сиљановска-Давкова, истакнувајќи ги своите заложби за владеење на правото и почитување на човековите права, ја нагласила важноста на институтот помилување и потребата целата постапка да не биде предмет на дневнополитички препукувања

Новата Комисија за помилување денеска ја одржа конститутивната седница, а за нејзина претседателка е именувана д-р Милка Ристова, пензионирана врховна судијка, информираат од кабинетот на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.

Членови на комисијата се проф. д-р Оливер Бачановиќ, проф. д-р Александра Груевска Дракулевски, проф. д-р Блерта Ахмеди, проф. д-р Драгана Батиќ, проф. д-р Афет Мамути и м-р Доан Сулејманоски.

„На првата седница на новиот состав на Комисијата за помилување присуствуваше претседателката Сиљановска-Давкова, која на членовите на Комисијата им посака успешна работа, изразувајќи уверување дека Комисијата со својата работа, почитувајќи ги принципите за транспарентност и отчетност, праведност и еднаквост, хуманост и разбирање, ќе придонесе за јакнење на институционалната доверба, а одлуките ќе бидат пример за почитување на демократските вредности“, се наведува во соопштението од кабинетот на Сиљановска-Давкова.