Консултант за спиење го откри точното време кога децата треба да одат во кревет

Многу родители честопати не знаат кога е вистинското време за нивните малечки да спијат.

Консултантката за спиење Џенифер Робинсон тврди дека заспивањето на децата не мора да биде проблем. Таа ги охрабрува своите клиенти да следат стабилен ритам, што ќе им помогне на децата да усвојат рутина и да спијат цела ноќ во едно парче.

„Важно е да се стремите да легнете во 19 часот, а бебето да се разбуди во 7 часот наутро“, рече таа.

Сепак, ова може да не одговара на секое дете и има моменти кога времето за спиење може да се турка еден час нанапред.

„Ако откриете дека вашето дете се буди пред шест или седум, поместете го времето за спиење напред. Како општо правило, деветмесечното дете треба да биде будно 12 часа, а да спие 12 часа“, додаде таа.

Таа им предложи на родителите да се обидат да се држат до тоа до седумгодишна возраст, односно додека детето не тргне на училиште.