„Украинската контраофанзива не заостанува, таа целосно пропадна“, изјави претседателот на Русија, Владимир Путин, на заедничката прес-конференција со неговиот турски колега Реџеп Таип Ердоган, по средбата во Сочи.
На прашањето дали може да се зборува за бавниот напредок на офанзивата на украинската Армија, Владимир Путин одговори: „Тоа не е бавен напредок, тоа е катастрофа“.
„Во секој случај, денес изгледа токму така. Ќе видиме што ќе се случи понатаму. Се надевам дека ќе продолжи да биде така“, вели Владимир Путин.