КОНТРАОФАНЗИВАТА ПОЧНА ДА ДАВА РЕЗЛУТАТИ – Висок украински генерал тврди: “Украинските сили ја пробија првата и најсилна одбранбена линија!“

Украинските сили ја пробија првата и најсилна одбранбена линија во регионот Запорожје“, изјави украинскиот генерал Олександр Тарнавски, кој ја предводи контраофанзивата во јужна Украина.

Во интервју, Олександр Тарнавски вели дека по неколкунеделно чистење на земјиштето од мини, пробиена е првата линија и сега се очекува побрз напредок кон втората послаба руска линија на одбрана.

Тој оцени дека Русија посветила 60 отсто од своите ресурси за изградба на првата линија на одбрана, а само 20 отсто за втората и третата линија бидејќи, како што наведе, не очекувала украинските сили да ја пробијат првата линија.

Сега сме меѓу првата и втората одбранбена линија. Украинските сили сега го завршуваат уништувањето на руските единици кои обезбедуваат повлекување на руските трупи зад втората одбранбена линија“, вели генерал Олександр Тарнавски.

За бавното досегашно напредување во украинскта контраофанзива, тој вели дека главната прилчина биле минските полиња.

Потрошивме повеќе време на деминирање отколку што очекувавме“, тврди Олександр Тарнавски.

Целта на јужната офанзива е да се стигне до Азовското Море, оддалечено околу 90 километри, со што руските сили би биле пресечени на два дела во јужна Украина и би се прекинала клучната рута за снабдување до и од полуостровот Крим.

војнаОлександр ТарнавскиРусијаУкраина