КОНТРА НАПАД – Дали војната ќе добие регионален карактер: Израел истрела артилерија на подрачјето на Либан

Откако започнаа со напади врз областа Газа, израелската армија со артилерија го гаѓаше и подрачјето на Либан.

Како што соопшти портпаролот на израелските одбранбени сили, кон Израел биле испукани неколку минофрлачки гранати од територијата на Либан, што предизвикало реакција на армијата на оваа земја.

Според армијата, проектилите паднале во областа на планината Дов, која се наоѓа на границата со Либан.

„Израелските одбранбени сили презедоа подготвителни мерки за овој вид можност и ние ќе продолжиме да оперираме во сите региони во секое време за да ја обезбедиме безбедноста на израелските цивили“, соопшти ИД.

Да потсетиме дека ескалацијата на конфликтот во Израел се случи откако припадниците на Хамас извршија упад во јужните делови на земјата. Хамас неколку часа држеше под своја контрола делови од градовите и воените бази, по што Израел ја започна операцијата „Железниот меч“.

На нацијата им се обрати и премиерот Бенјамин Нетанјаху, кој рече дека Израел е во војна.

Граѓани на Израел, ние сме во војна. Ќе победиме“, рече Нетанјаху. Непријателот ќе ја плати цената како никогаш досега“, рече Нетанјаху.