– Конференцијата насловена „Украина – година на хероизмот“ ќе се одржи денеска, со почеток во 11 часот, во Домот на АРМ, во организација на невладината ЦИВИЛ.
На конференцијата ќе учествуваат претседателот Стево Пендаровски, првиот човек на Парламентот Талат Џафери, амбасадорката на Украина во државава Лариса Дир, вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, министерката за одбрана Славјанка Петровска, како и други министри, амбасадори и дипломати на повеќе земји од Европа, САД и Јапонија, експерти, аналитичари и претставници на граѓанското општество.
На настанот предвидена е и проекција на краток филм, изложба на фотографии и промоција на книга за Украина.
Изложбата е со фотографии од украинскиот фотограф Едуард Крижанивскиј, додека автор на книгата што се промовира е претседателот на ЦИВИЛ и главен уредник на ЦИВИЛ Медиа, Џабир Дерала.