Косово гради, Македонија чека – од Тетово до Призрен за помалку од час, но кога?

Патот Тетово-Призрен ќе го зајакне економскиот развој и ќе го намали времето на патување од три на помалку од еден час. Работите од косовска страна се во полн ек, додека во Македонија сè уште се чека на административни процедури. Министерот за инфраструктура на Косово, Либурн Алиу, нагласи дека патот, вреден над 33 милиони евра и долг 20-тина километри.

„Помеѓу Коридорот 8 во РСМ и автопатот „Ибрахим Ругова“ што ја поврзува Приштина со Тирана, во овој случај овој проект освен тоа што ќе ги поврзува Призрен и Тетово, создава добри услови за економски развој во рамките на Националниот парк Шар, од една страна, а паркот исто така од другата страна на РСМ, создава и врски меѓу коридорите, соодветно ги поврзува коридорите меѓу себе. Целиот овој проект сега ќе продолжи и со РСМ за изготвување на дизајнот за тунелот, за кој двете земји издвоија буџет и постигнаа договори што ги ратификувавме во Парламент“, вели Либурн Алиу.

Делегација од македонската Влада беше предводена од министрите за транспорт и инфраструктура Александар Николоски и заменичката Калтрина Зеколи-Шаќири. Николоски рече дека овој пат ќе отвори многу можности за двете земји, притоа посочувајќи дека веќе го потпишале тендерот за проектирање на патот и потоа ќе се направи и проектирањето на заедничкиот тунел на граничната точка меѓу двете земји.

„По потпишувањето на договорот со косовската страна, веднаш почнавме со обврските кои произлегуваат од овој договор во нашиот дел од работата. Го отворивме тендерот за проектирање на нашиот дел од патот, а потоа ќе го проектираме и тунелот што заедно ќе го изградиме, а кој се очекува да вклучува центар со застанување“, вели Александар Николоски.

Заменик министерката за транспорт Калтрина Зеколи-Шаќири, рече дека овој проект се реализира благодарение на плодните односи со косовската Влада.

„За мене денеска претставува големо задоволство што ја започнуваме 2025 година со конкретни проекти и работа на терен и покрај климатските услови, да ја видиме одблиску и да ги придвижиме работите. Чувствувам задоволство затоа што нашите односи со Косово се многу блиски и како Влада ќе работиме уште понапорно, со голема волја овие односи да ги зајакнеме и подобриме уште повеќе во иднина“, вели Калтрина Зеколи-Шаќири.

При посетата се изврши увид на делницата „3“ во должина од 7 километри. Вредноста на овој дел чини 8,3 милиони евра.