Шефот на канцеларијата на Европската унија (ЕУ) во Косово, Томас Шуњог денеска соопшти дека Косово добива 75 милиони евра од ЕУ како дел од Пакетот за енергетска поддршка.
Тој изјави дека денеска разговарал со претставниците на Секретаријатот на Енергетската заедница за усогласување на Косово со правното законодавство на Енергетската заедница.
Шуњог на платформата „Х“ напиша дека Планот за раст дава дополнителен поттик за забрзување на реформите и обезбедува финансиски средства за важни проекти.
-Нагласивме дека зелената транзиција, интеграцијата и декарбонизацијата на енергетскиот сектор се составен дел од реформската агенда на Косово, разговаравме и за најновите случувања во енергетскиот сектор, напиша Шуњог.