Во близина на зградата на општина Северна Митровица доцна синоќа е фрлена рачна граната, при што е предизвикана материјална штета на службените возила.
Косовската полиција соопшти дека доцна синоќа осомничен со експлозивна направа нападнал општина во Северна Митровица.
„Според официјалните информации, постои сомневање дека во дворот на општинската зграда во Северна Митровица, во близина на влезот на објектот, била фрлена експлозивна направа, за која постои сомнение дека е рачна бомба, при што е предизвикана материјална штета на службените возила“, се наведува во соопштението.
Се нагласува дека нема повредени, освен предизвикана материјална штета на две службени полициски возила.
Во консултација со надлежен обвинител отворен е предмет „извршување терористички акт“.
ТРТ БАЛКАН