СВР Тетово соопштува дека вчера при работи на Коридорот 8 починал 31-годишен косовски државјанин.
„На 03.03.2025 година во 17:15 часот од Ургентен центар Гостивар било пријавено дека без знаци на живот кај нив било донесено лице Л.С.(31) од Република Косово.
Според пријавата, на Л.С. му се слошило додека извршувал работни задачи во фирма што ја изведувала изградбата на Коридорот 8, по што бил пренесен во Ургентен центар Гостивар, каде била констатирана смрт. Извршен е увид и по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција“, велат од Полициската станица Тетово.