Откако се смени власта и ВМРО-ДПМНЕ сепресели на „Илинденска“, главна мета за секојдневни прес-конференции беше поранешната министерка за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска.
Секојдневно од Белата палата фрчеа соопштенија и прес-конференции за потрошени службени трошоци и тоа за ситни суми, за трошоци во луксузни хотели и ресторани во странство. Неколку месеци медиумите беа преполнети со тоа што оставила позади себе Костадиновска во министерството за култура.
На нејзино место, на министерската фотеља од редовите на ВМРО-ДПМНЕ седна актерот Зоран Љутков.
По неколку месеци, денеска на адреса на поранешната министерка стигна и кривична пријава за злоупотреба за службената положба и овластување, поврзана со Универзална сала.
„Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за економски криминал и корупција во координација со Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, Сектор за криминалистички истраги, Единица за финансиски криминал до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ од член 353 став 4 во врска со став 1 од КЗ против Б.К.С. од Битола, како поранешен министер во Министерството за култура“, се наведува во соопштението.
Таа истакна дека се ова што го прават од ВМРО-ДПМНЕ е тенденциозно.
„Слободно можат од Обвинителство да ги земат сите документи и се да проверат. Знам дека ова е тенденциозно против мене и немам никаков проблем, ќе се видиме на суд. Уште од самиот почеток тие се фокусираа на мене и измислоуваа секакви сметки и трошоци, но кога на министерот за култура му ги побарав преку информации од јаве карактер не ми ги даде. Зошто?
Затоа што се тоа што го објавија не е точно. Битно беше да ми закачат кривична. На жена е најлесно да удрат. Зошто не поднесат кривична пријава на некој маж“, истакна Костадиновска