– Работиме на зачувување на Охридскиот регион со оној статус кој го има и со унапредување, бидејќи само така може да го потврдиме статусот доделен од УНЕСКО, посочи министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција.
Таа информира дека неодамнешната посета во Париз била со единствена цел – информирање на релевантните страни за тоа како се одвива заштитата на охридскиот регион во однос на зачувување на статусот на УНЕСКО.
– Задоволна сум од соработливоста од сите засегнати страни во однос на зачувување на овој статус. Ова воопшто не е лесен и едноставен процес но секоја од засегнатите страни, министри, локални самоуправи и агенции кои се дел од овој процес од креирање на оваа легислатива која го регулира статусот на Охридскиот регион како заштитен под УНЕСКО се навистина максимални и даваме се од себе за тоа да продолжи со истата динамика, рече Костадиновска-Стојчевска.
Кон крајот на минатата година, додаде министерката, имале неколку состаноци заедно со миистри, градоначалници и директори на соодветните агенции како и одделот заштита и Управата за заштита на културно наследство и оти работат на зачувување на Охридскито регион со оној статус кој го има и со унапредување.