Костадиновски во полиција пријави закани по животот и безбедноста на судиите од Уставниот суд

Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски денеска поднесе претставка до Министерството за внатрешни работи во врска со заканите по животот и безбедноста на судиите на Уставниот суд.

Како што соопштија од Уставниот суд, барањето е поднесено поради директни закани упатени кон судија, поточно судии кои се занимаваат со постапување по одреден предмет од страна на Судот.

„Претседателот Костадиновски најостро ги осудува ваквите закани кон судиите, нагласувајќи дека во едно демократско општество ваквите и слични закани претставуваат напад врз интегритетот на Уставниот суд, но и директен притисок врз независното одлучување на сите судии“, се вели во соопштението. на Уставниот суд.

Поради сериозноста на заканите и јавните повици за насилство, Судот очекува надлежните органи професионално и брзо да ги преземат сите неопходни мерки и активности за расветлување на оваа закана и слични закани кон судиите.