Пратеникот од редовите на СДСМ, Мартин Костовски на прес-конференцијата истакна дека случајот „Феникс“ уште еднаш докажа дека ВМРО-ДПМНЕ е најкриминалната партија.
„Поранешниот премиер, на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, неговата десна рака, Зоран Ставревски, поранешната министерка Елизабета Канчевска Милевска, двајцата лидери од оваа партија се обвинети дека го оштетиле буџетот за 16 милиони евра преку спомен обележја на Скопје. 2014 проект“, вели Костовски.
Тој додаде дека и ова е доказ дека Скопје 2014 бил проект со цел да се збогатат некои луѓе блиски до Груевски.
Оваа група перела пари на сметка на граѓаните, но и на сметка на Гоце Делчев, Александар Велики, Цар Самоил“, рече Костовски, кој побара оставка од Мицкоски бидејќи е на чело на партија која постојано е обвинета за криминал.