Мартин Костовски, организационен секретар на СДСМ, денеска во „DailyClick“ на ТВ21 истакна дека разочарани членови од Движењето Знам се враќаат во СДСМ.
„Со еклатантни докази дека реформата во СДСМ е на завидно ниво, можам да потврдам и со аргументи дека голем број на луѓе, членови на Знам, се враќаат во СДСМ“, вели Костовски.
Како што додава се работи за три семејство од Куманово.
„Поранешни членови на СДСМ, дел од Знам, сега се во општинската организација на СДСМ Куманово. Станува збор за три семејства и тоа е тренд кој дефинитивно ќе продолжи ширум Македонија. Имаме разговори со многу разочарани луѓе коишто сами пристапуваат“, вели Костовски.