Еврокомесарката за проширување, Марта Кос им честиташе на Македонија и Албанија за нивниот успех во рамките на Планот за раст на Европската унија.
Кос на социјалната мрежа „Х“ истакна дека двете земји го поставија темпото за целиот регион со обезбедување на предфинансирање од оваа програма.
„Ова треба да го поттикне спроведувањето на клучните реформи, да поттикне економски раст, да го подобри квалитетот на животот на граѓаните и дополнително да ги приближи овие земји до Европската унија“, наведе Кос во нејзината објава.
-Условите за продолжување на преговорите со ЕУ се утврдени со преговарачката рамка, но изразуваме загриженост дали ќе има нови по уставните промени, изјави вчера министерот за европски прашања Орхан Муртезани.
Пристигнаа првите 52,4 милиони евра од предвидените 750 милиони евра за поддршка на реформите за Македонија. До Европската комисија е упатено прво барање за ослободување дополнителни средства од над 17 милиони евра за законски измени за финансиска контрола, за буџети, трговски друштва и пополнување на испразнетите места во судството и обвинителството.