КОШМАР НА МОРЕ ВО ГРЦИЈА: Девојче (4) се бањало, па добило ОПАСНИ “ИЗГОРЕНИЦИ”! „Врискаше од болка“ – откриено е што ја каснало

Девојче (4) се здобило со страшни “изгореници” додека пливала во морето во Грција, при што било откриено дека ја изгоре морски еж додека си играла во вода.

-Нашето малечко врескаше од болка и веднаш истрчавме кон неа, несвесни што се случило. “Изгоре” уште четири лица, едно потешко – вели мајката на девојчето.

Инцидентот се случи пред неколку дена во Фтиотис во централна Грција.

Мајката вели дека веднаш ги отстранила остатоците од пипалата и на детето му дала кортизон.

-Многу отече и рекоа да не ја вадам на сонце со месеци, за да не остане лузна – рекла мајката.

Што е морска саса?

Морската саса не е морска трева, иако многу личи на неа, туку припаѓа на истиот животински род како медузата. Тие можат да бидат со различни бои и големини, а доколку ја допрат кожата, искуството може да биде многу болно.

На самиот допир се чувствува убод или чувство на печење, многу слично на она што го предизвикува медузата. Морските ежови обично со телото се прицврстени за карпи или песок, можат да бидат сами или во групи, а може да се најдат и во плиткото. Краците кои се на него лебдат во водата и се полни со отров.

По контакт, црвено-розови траги се појавуваат на кожата во рок од неколку минути и можат да бидат видливи и болни од 24 часа до неколку дена. За среќа, тоа ретко остава сериозни последици.

Симптомите се третираат со кортизон и антихистаминици доколку се појават алергиски симптоми. Ако мислите дека можеби имате алергија, задолжително контактирајте го вашиот лекар.

Првата работа што треба да ја направите откако ќе ве каснат е да ги отстраните пипалата од кожата, но не правете го тоа со голи раце, туку земете нешто цврсто, а потоа исплакнете го тој дел од кожата со морска вода.