Основачот и креативен директор на Гранд продукција, Александар Саша Поповиќ, денеска, 6 март, беше погребан на Новите Бежанијски гробишта.
На вечното почивалиште го испратија семејството, вдовицата Сузана Јовановиќ, ќерката Александра, посинокот Даниел, како и многу други пријатели и соработници.
По погребот, кога тажната поворка се упати кон гробното место, крстот го носеше пејачот и кум на Саша Поповиќ, пејачот Дејан Ќирковиќ Ќира.
Како што налага традицијата, фотографијата треба да ја носи жена, а семејството таа чест и’ ја остави на најблиската соработничка на Саша, Дејана Мијук.
Да потсетиме, Саша Поповиќ помалку од една година водеше жестока битка со една од најопасните и подмолните болести, ракот на желудникот.
Саша во мај минатата година доживеа незгода со ногата поради која бил на лекар. При прегледот се пожалил на болки во стомакот, а по прегледите било откриено најлошото.
Од тој момент, Поповиќ правеше сè за да излезе победник од борбата со својот најголем непријател.
Тој се лекуваше во најсовремена клиника во Париз, каде по девет месеци борба, на 1 март 2025 година, ја загуби најголемата битка во животот.