Новак Ѓоковиќ е на одмор во Црна Гора каде ужива во друштво на најблиските пријатели. Неодамна на море пристигна и неговата мајка Дијана во друштво на синот Марко и неговата девојка.
Ноле срдечно ги поздрави сите, а во целата приказна најмалку позната е девојката на Марко Ѓоковиќ.
Марко е најмалку веројатно од сите членови на семејството да биде виден од јавноста, особено во приватните моменти со нив, пишува Телеграф.
Марко е во врска со Бразилката Летиција Тесари, а како што може да се слушне заедно се повеќе од пет години.
Летиција е дизајнерка, а јавноста не знае многу за неа. Марко живее со својата избраничка во Мајорка, каде работи во тениска академија.