Сајтот FetishFinder ги анализираше податоците од Google Keyword Planner за да открие која секс поза е најпопуларна досега во 2025 година.
Имено, корисниците најмногу ја барале позата прегратка на мечката. Пребарувањата за овој термин забележаа зголемување од дури 623 проценти од 2024 година, според Дејли Меил .
Ако никогаш не сте слушнале за оваа поза, таа е одлична опција доколку барате нешто исклучително интимно. Жената треба да стои со едната нога крената во свиткана положба, додека мажот е зад неа и ја прегрнува.
Многу експерти наведуваат дека оваа секс поза гарантира подобра стимулација на ерогените зони.
Иако многумина би можеле да претпостават дека луѓето често бараат пози во кои експериментираат, сепак на прво место е „класичната“ интимност.
Други пози кои исто така беа претресени беа: Валканиот Санчез, Наковалната (варијација на мисионерската поза), Бриџ и други.