Синот на починатиот пејач Синан Сакиќ, Рашид Сакиќ (45), попознат како Ќело, ненадејно починал во затворот во Сремска Митровица, каде издржувал тригодишна затворска казна за разбојништво.
Синот на покојниот пејач бил проблематичен и често влегувал во проблеми со полицијата. Полицијата пред две години го фатила како вози низ Лозница, а бидејќи имал потерница веднаш бил испратен на издржување на казната.
Инаку, тој повеќепати беше приведуван, а последен пат беше уапсен во јануари 2019 година поради сомнение дека заедно со неговиот пријател Милан Ц.(36) го претепале и ограбиле кројачот В.М.(34) во центарот на Лозница. По апсењето му е одредена мерка притвор, кога со нанолег бил префрлен во домашен притвор. Потоа беше осуден на седум месеци домашен притвор.
– Против него се води постапка за разбојништво, односно поради сомнение дека ограбиле кројачки салон. Очигледно, откако ги зеле сите пари што ги нашле кај кројачот, отишле во блиското кафуле и порачале пијалоци. Токму во тоа кафуле полицијата ги уапсила – изјави тогаш извор од истрагата.
Тој наведува дека на Сакиќ по изрекувањето на пресудата не му било дозволено да ги напушти просториите на куќата во која престојувал без одлука на судот во Лозница.
Рашид Сакиќ во своето големо досие има кривични дела поседување и продавање дрога, разбојништво, насилничко однесување, но и убиство на Драгољуб Деспотовиќ Драјино.
Пред повеќе од половина година Рашид Сакиќ се јави од затворот во Сремска Митровица и го изрази своето незадоволство од наводните изјави на неговата сестра Ѓулкица Сакиќ и маќеата Сабина Сакиќ дека им ја запалил куќата, но и дека силувал 20 девојки.
– Јасно ми е дека и’ требаше азил во Швајцарија, но ова е претерување. Кога се запали куќата во Лозница, автоматски ме обвинија иако бев во странство. На клеветите им нема крај. Мислев дека ќе дојде крајот но не. Кога ја прочитав изјавата на мојата полусестра дека сум силувал 20 девојки, како и дека сум и’ се заканувал дека ќе ја силувам и нејзината ќерка, полудев. Се згрозив кога го прочитав тоа бидејќи секој што ме познава знае дека порано тепав, малтретирав и плукав по такви насилници. Подготвен сум да докажам дека никогаш не сум бил осомничен, а камоли осуден за вакво кривично дело. Поминав низ многу работи, но нема да поминам низ ова и ќе барам отштета преку адвокат. Не сакам утре кога ќе порасне моето дете да чита такви гадости и лаги за мене и дека јас суж молчел за сето тоа – изјави тогаш Рашид.