Нермин Сулејмановиќ, човекот кој изврши повеќекратни убиства во Градачац , а потоа се самоуби, се занимавал со професионален бодибилдинг и одел на регионални и светски натпревари.
Тој освои два златни медали на меѓународни натпревари, роден е во градот каде го изврши грозоморниот чин, а крева тегови од својата 15-та година.
Сепак, тој почна да се занимава со бодибилдинг пред четири години, а малку подоцна реши да се натпреварува.
- Шампионите не се прават во теретана. Шампионите се направени од нешто што е длабоко во нив: желба, сон и визија – рече Сулејмановиќ.
Тој во средината на минатата година го освои првото место во полутешка категорија на „IFBB Balkan Cup“ што се одржа во Књажевац, Србија.
Сулејмановиќ бил во бегство, а потоа се потврдила информацијата дека си го одзел животот.