„Кој ги уби овие деца?“, запрашаа медицинарите од Газа (видео)

– Палестинските здравствени работници пратија порака до целиот свет кој немо ги следи убивањето на децата и крвавите масакри што израелските сили ги изведуваат во своите напади врз блокираниот Појас Газа.

„Кој ги уби овие деца? О, слободен свету, погледнете наваму! Каде сте да се спротивставите додека над овој народ се спроведува вистински масакр?“, праша еден од медицинарите собрани околу телата на повеќе деца убиени во израелските напади во Газа.

Плач на медицинарите од Газа: „Кој ги уби овие деца?“

Израелските сили од 7 октомври изведуваат интензивни воздушни и артилериски напади врз Газа.

Палестинското Министерство за здравство во Газа објави дека досега во израелските напади врз Газа загинале најмалку 3.785 лица, а ранети се најмалку 12.500. Меѓу загинатите најмалку 1.524 се деца, а 1.000 се жени.