КОЈ Е ИГОР КОЛОМОЈСКИ ? Тој го донесе Володимир Зеленски на власт и го финансираше, а денес претседателот на Украина му врти грб: “Никој не е над законот, тоа е предавство!“

Контраверзниот украински бизнисмен, Игор Коломојски, му помогна на Володимир Зеленски да стане претседател, а сега тој е уапсен и обвиент за измама и перење пари.

Игор Коломојски беше изведен пред судијата во сината тренерка на фудбалскиот клуб Днипро. За време на викендот тој беше уапсен од украинската тајна служба СБУ под сомнение за измама и перење пари.

Тој е познат во Украина по една од најголемите банкарски измами, случајот ‘Приватбанка’. Според експертскиот извештај, 5,5 милијарди долари биле проневерени и поминале низ банката“, вели Олена Халушка од антикорупциската комисија на Украина.

Но, некогаш најмоќниот олигарх во земјата беше и медиумски магнат. Неговата телевизија го турна актерот Володимир Зеленски во претседателската кампања. Откако победи, Володимир Зеленски постепено се дистанцира од Игор Коломојски.

Ние ставаме крај на десетгодишното толерирање на корупцијата за оние кои ја ограбија Украина и се ставија над законот“, изјави Володимир Зеленски за апсењето.

Претседателот веќе за оваа недела најави дека парламентот ќе воведе закон со кој корупцијата за време на руската агресија се поистоветува со велепредавство. Никој не знае како изгледа предлог-законот, а токму тоа се критикува во Украина и на Запад

Непотребно е да се префрли борбата против корупцијата од постоечките институции на тајната служба со етикетирање на корупцијата како велепредавство“, вели Михаел Галер, европски претставник од редовите на германските демохристијани.

Многу граѓани на Украина се задоволни што Игор Коломојски конечно се заврши зад решетки. Сепак, активистите предупредуваат дека СБУ не треба да се занимава со вакви истраги и дека тоа треба да го прават независни антикорупциски тела.

Се плашиме дека со оваа истрага тајната служба ќе покаже дека е способна да се справи со случаите на корупција“, велат активистите и додаваат: „Ова ќе помогне да се оправда пред парламентот зошто СБУ е таа која мора да се занимава со најважните случаи во иднина“.

Проблематично е што СБУ е под директна контрола на претседателот. Така, наводната борба против корупцијата би можел да ја води Володимир Зеленски.

Олигархот Игор Коломојски може да биде пуштен со кауција. Се верува дека тоа нема да влијае на истрагата – во секој случај моќта на Игор Коломојски значително се намали од почетокот на руската агресија.

Володимир ЗеленскиИгор КоломојскикорупцијаполитикаУкраина