Кинеските автомобилски експерти решија да направат необичен тест за издржливост и безбедност, но не на сопствените возила, туку наместо тоа избраа два европски директни конкуренти – Volvo XC60 и BMW X3.
Првиот дел од тестот се однесуваше на издржливоста на А-столбот, за кој беше симулиран удар во камион , односно слетување под камионска приколка.
Според Кинезите, за таа цел биле купени нови теренци, а резултатот изненадил многумина.
Иако е добро познато дека шведскиот Volvo вложува најмногу на полето на безбедноста на своите возила, веројатно никој не очекуваше дека во случај на проверка на вкочанетоста на столбот А, тој ќе биде многу подобар од BMW.
Вториот дел од тестот беше уште поекстремен и вклучуваше фрлање на двете возила од кран – на тркалата и на задниот дел. И во тој случај Volvo се претстави подобро, а како изгледаше сето тоа можете да видите во приложеното видео и сами проценете кој SUV е побезбеден.