Тој доби два бронзени медали за посебна храброст: еден во 2020 година за време на протестите на жолтите елеци и друг во 2021 година за помагање да се фати киднапер.
Флоријан М.(38) кој на 27 јуни го застрела Нахел М.(17) доби кривична пријава за убиство со умисла и е во притвор. Оттогаш тој и неговото семејство имаат потреба од полициска заштита. Кој е човекот чиј фатален истрел ја втурна Франција во хаос?
Поранешниот војник е оженет и има деца, според L’internaute. Во својата долга полициска кариера тој го доби Медалот за домашна безбедност, осум писма со честитки и неколку пофалници од претпоставените.
Немаше поплаки за него. Тој, исто така, доби два бронзени медали за посебна храброст: еден во 2020 година за време на протестите на жолтите елеци и друг во 2021 година за помагање да се фати киднапер.
Колегите го опишуваат како „многу добар полицаец“, кој е „многу професионален“ и не е „жесток“. Тестовите за алкохол и дрога од убиството на тинејџерот биле негативни.
„Тој не сакаше да убие“
Неговиот адвокат рече дека полицаецот бил шокиран од насилството на видеото, кое го видел во полициски притвор.
„Тој не станува наутро да убива луѓе. Не сакал да го убие. Се обидел да пука во ногата на возачот, но во тој момент бил истуркан од автомобилот па цевката се подигнала нагоре, па бил испукан во пределот на градниот кош кој очигледно не сакал да го погоди“, изјави неговиот адвокат.
Доколку биде осуден, му се заканува 30 години затвор.
Флоријан М. на рочиштето рече дека видел непосредна опасност бидејќи возачот можел да убие или повреди случајни минувачи доколку повторно побегнел со возилото. Тој исто така бил меѓу ѕид и возило и „се почувствувал загрозен“.
За „соучесник“ адвокатите на Нахел М. го обвинија и колегата Флоријан М. На видеото од инцидентот, непосредно пред пукотниците, се слуша глас кој вели: „Ќе ти ставам куршум во глава“.
Собрале повеќе од еден милион евра донации за полицаецот
Се чини дека во Франција постои солидарност со полицаецот, која може да се брои и во пари. Имено, за полицаецот Флоријан се собрани повеќе од 1,2 милиони евра.
На друга донаторска страница собрани се повеќе од 260.000 евра за семејството на убиениот тинејџер.
Собирањето донации за полицаецот го организираше Жан Месиха, поранешниот портпарол на десничарскиот претседателски кандидат Ерик Земур, а првичната цел беше 50.000 евра.
„Поддршка на семејството на полицаецот од Нантер, Флоријан М, кој си ја заврши работата и сè уште плаќа висока цена денес. Поддржете го масовно и поддржете ја нашата полиција“, се вели на страницата.