Синоќа излезе веста која ја шокираше тениската јавност дека Новак Ѓоковиќ е удрен со шише во главата по првиот меч во Рим.
По тој повод српскиот ас се здоби со полесна повреда поради што завршил во болница.
А потоа, преку Инстаграм, се огласи и Марио Фери, момче кое тврди дека е автор на невиден скандал што го потресе тенискиот свет .
Она што за многумина е чудно е што на видеата се гледа дека некој друг е виновникот за овој инцидент, а не Марио…
Сакав да се извинам за тоа што се случи на турнирот во Рим, откако Ѓоковиќ го заврши својот меч.
Фери тврди дека шишето не го фрлил намерно кон српскиот тенисер.
„За жал, вакви работи се случуваат. Се надевам дека не е повреден. Му се извинив и нему. Сакав да им кажам на оние кои навредуваат дека тоа не го направив намерно, туку случајно“, додал тој.
Марио е фудбалер кој моментално не е ангажиран, а во текот на кариерата настапувал за бројни клубови. Играл во Јордан за Ал Фајсал, на Сејшелите за Златниот Брег, како и во Индија и Сан Марино, за Јунајтед и Тре Фиори.
Тој е многу популарен на Интернет, има голем број следбеници на Инстаграм и дефинитивно повеќе му одговара улогата на инфлуенсер отколку на фудбалер.
Познат е по разни скандали, а во центарот на вниманието се најде во 2022 година на Светското првенство во Катар. Потоа, на натпреварот Португалија-Уругвај, тој истрча на теренот со знаме со виножито што го означува геј движењето, облечен во маица на која пишува „Спаси ја Украина“ и маичка за поддршка на Иранките.