Престојот на Лионел Меси со семејството во Саудиска Арабија крена голема прашина во јавноста.
Неговиот клуб Париз Сент Жермен го казни, а веднаш се зборуваше дека Аргентинецот летово за рекордна сума ќе потпише за Ал Хилал.
Вниманието на јавноста во Саудиска Арабија го привлече сопругата на Лионел, Антонела.
Бидејќи Кристијано Роналдо и неговата девојка Џорџина Родригез се веќе неколку месеци во оваа земја, сите веднаш почнаа да го споредуваат стајлингот на Антонела и Џорџина.
Познато е дека во таа земја важат правила за начинот на облекување на жените – не смеат да ја истакнуваат нивната фигура и атрибути кои мора да бидат покриени кога се во јавност.
Антонела ја доби оваа „пресметка“ над Џорџина, бидејќи домаќините беа воодушевени затоа што таа покажа почит кон Саудиска Арабија.
Антонела никогаш не се појавила во разголени изданија за време на нивниот престој таму, за разлика од Џорџина која веќе неколку пати била на удар на тамошната јавност поради начинот на кој се облекува и се појавува во јавноста.
Медиумите во Саудиска Арабија соопштија дека Антонела ѝ одржала лекција на Џорџина како да ги почитува законите и правилата на земјата во која гостуваш и дека таа треба да го следи нејзиниот пример.