Неверојатен видео клип од Босна и Херцеговина , во кој лимар, од стрмниот покрив на зградата каде што работи, се „фали“ со својата работа, кружи низ регионот!
– Еве, кој мисли дека му е тешка работата, нека се сети на нас лимарите, кои работиме на висина од 35 метри, веднаш ќе му биде полесно – рекол овој вреден работник покажувајќи до застрашувачката падина на покривот на кој работи.
Има многу коментари за ова видео. Меѓу нив има и оние кои го фалат …
– Брат, почит. Не би го направил тоа да ми дадат 20.000 евра месечно .
– Господ да ви даде здравје и среќа, и чувајте се.
…но и оние кои го критикуваат.
– Ако не ти се допаѓа, побарај друга работа.
Има и такви кои ја изјавија несигурноста на оваа напорна работа.
– Кацига за украс , гласи еден од коментарите.
Во секој случај, видео клипот не остави никого рамнодушен, но се чини дека овој лимар се бори со сите тешкотии што може да му ги донесе работата на висина од 35 метри со ведар дух.