Многу од помалите европски сојузници на Украина посветуваат поголем дел од својата економска моќ за поддршка на Украина отколку тоа што го прават Соединетите Американски Држави (САД).
CNN во детална објава ја анализираше меѓународната помош за Украина.
САД ја одвоија втората најголема сума пари за помош на Украина во целина – вклучувајќи воена, финансиска и хуманитарна помош – по Европската унија, која испрати вкупно околу 85,1 милијарди долари, според Институтот во Кил. Оваа бројка не ги вклучува придонесите на поединечни земји-членки на ЕУ, кои се пресметуваат одделно.
Но, за разлика од некои помали сојузници на Украина, придонесите на Вашингтон изнесуваат 0,3 отсто од БДП, покажуваат податоците.
Норвешка, проследена со балтичките земји кои граничат со Русија – Литванија, Естонија и Летонија на второто, третото и четвртото место соодветно – издвојуваат поголем дел од своето богатство за поддршка на одбраната на Украинците со повеќе од еден процент од нивниот БДП. Данска е на петтото место, 13 место Шведска, додека САД се зад Хрватска, на 16. место.
Табелата ја состави CNN врз основа на податоците од Институтот во Кил а можете да ја погледнете ТУКА.