Најпрестижниот моден настан во светот, Мет Гала, се одржа во Метрополитен музејот на уметност во Њујорк. Бројни познати личности прошетаа по синиот тепих.
Поединечен билет за Мет Гала чини 75.000 долари, а почетната цена за резервација на маса за повеќе гости е 350.000 долари. Мет Гала собира средства за Метрополитен музејот на уметност. Оваа година беа собрани дури 31 милион долари, што е најголемата сума во 77-годишната историја на овој настан.
Покрај Ана Винтур, овогодинешни водители беа ASAP Rocky, Луис Хамилтон, Колман Доминго и Фарел Вилијамс. Леброн Џејмс требаше да се појави како почесен член, но не дојде поради повреда на ногата.
Темата на овогодинешната Мет Гала беше „Суперфино: Кроење црн стил“, која го слави влијанието на афроамериканскиот дендизам и машкото облекување.
Некои од познатите личности кои се појавија на Мет Гала се: Ким Кардашијан, Ријана, Сабрина Карпентер, Памела Андерсон, Џиџи Хадид, Дуа Липа, Лорд, Хали Бери, Деми Мур, Ен Хатавеј, Кајли Џенер и други.
Најнезаборавниот момент од Мет Гала беше кога Ријана го истакна своето трудничко стомаче и потврди дека го очекува своето трето дете со ASAP Rocky.