Нови превирања во судскиот совет – полициски инспектори ги проверувале камерите во советот, откако еден член пријавил дека некој му влегува во канцеларијата и му претура во работите, објави ТВ24.
Претседателот Сашко Георгиев го потврди инцидентот, но вели дека допрва ќе треба да се утврдува за што точно се работи. Одби да го открие членот кој го пријавил инцидентот , но камерите се чешлаат.
Според неофицијални информации на ТВ24 станува збор а судијката Лорета Георгиева, која што такви поплаки преку писмо испратила и до претходната шефица на судскиот совет Весна Дамева. Според истите информации, Георгиева тврдека дека е таргет бидејќи гласала за разрешување на Дамева. ТВ24 се обиделе да добијат став од судијката Георгиева, но таа била недостапна на својот мобилен телефон. Георгиев пак потврдил дека претставката со која се апострофира токму член на судски совет дека прима мито, заедно со судија на врховен, а која во советот е карактеризирана како неоснована, е испратена до обвинителството.
Целата вест прочитајте ја ТУКА.