Кој јаде најмногу благо во земјите од регионот?

Македонските жители годишно консумираат по 36,7 килограми шеќер по глава на жител, што ги прави лидери по јадење благо во споредба од сите држави во регионот, покажува анализата на „Landgeist“ базирана на податоци од ФАО.

Шеќерот е една од основните намирници која се користи во секојдневието и игра важна улога во исхраната на луѓето. Шеќерот е основа за производство на благото, без кое многумина не можат да го замислат денот. Но знаете ли колку благо јадат жителите од земјите во регионот? Според анализата што ја објави веб-страницата „Landgeist“ базирана на податоци од Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО), жителите на Македонија јадат најмногу благо во регионот, а се позиционирани високо и на европската листа. Македонските жители на врвот на листата. Македонските жители годишно консумираат по 36,7 килограми шеќер по глава на жител, што ги прави лидери по јадење благо во споредба од сите држави во регионот.

Македонските жители годишно консумираат по 36,7 килограми шеќер по глава на жител TRT Balkan

По македонските граѓани, во регионот најмногу благо јадат Хрватите, односно 33,8 килограми по жител годишно. Помалку благо од Хрватите јадат Србите, поточно 22,4 килограми по жител на годишно ниво, а по нив следуваат Црногорците со 21,2 килограми, потоа Словенците со 19,4 килограми.

Жителите на Албанија и БиХ најмали љубители на благо во регионот

Податоците од анализата покажуваат дека најмали љубители на благо во регионот се жителите на Албанија кои консумираат 18,6 килограми по глава на жител на годишно ниво, додека жителите на Босна и Херцеговина јадат најмалку благо, односно 18,3 килограми покажува објавената анализа „Landgeist“. Во анализата не се објавени податоци за Косово.

Во однос на друите земји од поширокиот регион, а кои се дел од ЕУ, анализата покажува дека Грците јадат 31,6 килограми благо на годишно ниво, а Бугарите 27,5 килограми. Во Европа најмногу благо се јаде во Белгија, најмалку во Луксембург

Во Европа најмногу шеќер јадат Белгијците 48,3 и Полјаците 45,7 килограми. Најмалку благо, пак, се консумира во Луксембург, само 10,8 килограми.

Податоците на „Landgeist“ не вклучуваат само суров шеќер, туку и количините во производите што содржат шеќер.

TRT Balkan