Доналд Трамп има предност во однос на демократскиот претседател Џо Бајден за шест процентни поени во анкетата на Ројтерс/Ипсос, која покажа дека Американците се незадоволни од реваншот на изборите, по победата на поранешниот претседател во Њу Хемпшир.
Националната анкета на 1.250 возрасни Американци покажа дека Трамп води пред Бајден со 40% спрема 34% , додека другите гласачи биле неопределени, планирале да гласаат за некој друг или воопшто не сакале да гласаат.
Анкетата имаше маргина на грешка од три процентни поени.
Најновите резултати покажуваат голем замав во корист на Трамп, откако анкетата на Ројтерс/Ипсос спроведена претходно овој месец покажа дека тој и Бајден се изедначени.
Додека Трамп лесно го победи својот единствен преостанат републикански противкандидат Ники Хејли, околу 67 отсто од испитаниците анкетирани од понеделник до среда рекоа дека им е „уморно да гледаат исти кандидати на претседателските избори и сакаат некој нов“.
Сепак, само 18 отсто рекле дека нема да гласаат доколку Бајден и Трамп се нивниот единствен избор.
Водството на Трамп од 6 отсто го задржа дури и кога на испитаниците им беше дадена опција да гласаат за други кандидати од трети страни, вклучувајќи го и активистот против вакцините Роберт Ф. Кенеди Џуниор, со Трамп со 36 отсто, Бајден со 30 отсто и Кенеди со 8 отсто.
Нешто повеќе од половина од испитаниците изјавиле дека не се задоволни од двопартискиот систем во САД, а секој четврти е задоволен од него.