Кремљ објави кои функционери ќе го придружуваат рускиот претседател Владимир Путин на првиот самит меѓу лидерите на САД и Русија од 2021 година.
Американскиот претседател Доналд Трамп ќе се сретне со својот руски колега во Алјаска во обид да се стави крај на војната во Украина.
Списокот на луѓе дава одредена индикација за можната агенда на состанокот во Алјаска, јавува Би-Би-Си .
Делегацијата од пет члена го сочинуваат:
Претседателскиот помошник Јуриј Ушаков
Министерот за надворешни работи Сергеј Лавров
Министерот за одбрана Андреј Белоусов
Министерот за финансии Антон Силуанов
Раководителот на Рускиот фонд за директни инвестиции, Кирил Дмитриев
Лавров и Ушаков се искусни дипломати кои играат централна улога во обликувањето на руската надворешна политика.
Лавров е на чело на Министерството за надворешни работи повеќе од 20 години, додека Ушаков, клучен претседателски советник повеќе од една деценија, претходно беше амбасадор на Русија во САД.
Вклучувањето на Белоусов и Силуанов укажува дека на дневен ред ќе биде вклучена не само војната во Украина, туку и стратешките безбедносни прашања и прашањето за ублажување на санкциите.
Дмитриев е познат по своите врски со семејството Путин и по тоа што му помага на Кремљ да изгради врски со американскиот и меѓународниот бизнис.