Актерот Кијану Ривс (59) повторно беше мета на провалници.
Провалници облечени во скијачки маски упаднале во неговиот дом во Лос Анџелес во средата вечерта , изјави полицијата на Лос Анџелес за TMZ.
Кога полицијата пристигнала околу 19 часот навечер , не нашла никого на имотот на Кијану.
Му го украле пиштолот?
Меѓутоа, маскираните провалници се вратиле околу 1 часот по полноќ и го скршиле прозорецот од вилата . Наводно, успеале само да го грабнат пиштолот , но актерот во тој момент не бил дома .
Истрагата сè уште е во тек , но ова не е прв пат Киану да биде жртва на кражба. Имено, во 2014 година двајца мажи упаднале во куќата на актерот, а истата година и неколку девојки, иако со различни намери .