Крадците кои провалиле во куќа во Порденоне, Италија не биле баш среќни, па оставиле порака за сопственикот на куќата.
– Извинете, немаме пари и мораме да јадеме. Но, гледаме дека и вие немате ништо. Што да се прави, трпение… – напишале на хартијата и речиси со празни раце излегле од куќата.
Сепак, тие ја искористиле можноста да ги одземат кафематот и фритезата. Бидејќи во пораката имало повеќе граматички грешки, полицијата смета дека станува збор за луѓе кои не зборуваат добро италијански или дека можеби на овој начин се обиделе да ги доведат во заблуда истражителите, пишуваат италијанските медиуми.
Полицијата во моментов трага по овие крадци.