Кралицата Камила фотографирана во друштво на поранешниот сопруг кого со години го изневеруваше со Чарлс

Одамна е познато дека Чарлс ја изневерил покојната принцеза Дијана со Камила и тоа е причината што јавноста не ја сака.

Аферата на Чарлс го уништи неговиот и бракот на Камила со пензионираниот офицер Ендрју.

Ендрју, пак, сакаше да флертува и да се забавува со други девојки, од кои некои и беа пријателки. Уште поинтересно е што знаеле еден за друг и тоа не им било проблем.

Колапсот на бракот се случи кога во јавноста протече романсата на Камила со Чарлс. Ендру потоа имал афера со Розмари Питман, со која се оженил една година подоцна. Розмари почина од рак во 2010 година, а Камила се појави на последното збогување. Сега поранешните сопружници се во постојан контакт и имаат одлични односи.

На промоцијата на книгата на нивниот син Том, им се придружија и нивната ќерка Лаура Лопес и сестрата на Камила, Анабел Елио.

Книгата на нивниот син, која треба да биде објавена на 26 септември, ќе содржи кралски рецепти како што се кашата на кралицата Камила и карито на Џорџ V и Bombe Glacée на принцезата Елизабета за десерт.