Никол Кидман, познатата актерка, која јавноста често ја нарекува „Кралица на ботоксот“, позираше за насловната страница на американското издание на магазинот „Elle“.
Актерката позираше во долна облека и ги воодушеви фановите со младешкиот изглед во шестата деценија.
Нејзините обожаватели со ентузијазам ја коментираа насловната страница на магазинот „Elle“ и ѝ упатија низа комплименти.
Ти си дефиницијата за убавина“, „Изгледаш толку елегантно“, „Навистина неверојатно“, „Убава како и секогаш“, „Дали старееш?“, „Ти си најубавата жена на светот“, се дел од коментарите на нејзините фанови.
Потсетуваме дека Кидман неодамна ја репризираше улогата на мајката на Аквамен, кралицата Атлана во продолжението „Аквамен и изгубеното кралство“. А наскоро ќе се појави и во серијата „Expats“, која таа ја продуцираше.