„Kралицата на попот“ – Мадона во Антверпен, Белгија, среде нејзината актуелна и многу успешна турнеја „Celebration“ си ја отвори душата пред многуте обожаватели.
„Пред неполни четири месеци бев во болница и без свест. Мислеа, претпоставуваа и предвидуваа дека можеби нема да успеам. Затоа, чудо е што сум сега овде“, кажала Мадона за време на нејзиниот настап.
Легендарната пејачка верува дека нејзината мајка, која почина од рак на дојка на 30-годишна возраст, се грижи за неа и ја чува на безбедно, пренесува магазинот Page Six.
„Мајка ми, Господ да ја благослови, таа сигурно се грижи за мене“, кажала Мадона, едвај задржувајќи ги солзите.
Добитничката на безброј награди, потоа се навратила на последните денови на нејзината мајка и се присетила колку се чувствувала таа осамено додека лежела во болница. Таа истакна дека сепак добила „уште една шанса“ и е многу благодарна за тоа. Пејачката ја започна својата турнеја во Лондон на 14. октомври, но призна дека не е 100 отсто закрепната.
„Морам да ви кажам дека моментално не се чувствувам добро, но не можам да се пожалам бидејќи сум жива“, кажала таа и се заблагодари на Бог за своите деца и на сите за нивната љубов и поддршка.
Имено, Мадона ја започна споменатата турнеја неколку месеци откако беше примена на интензивна нега поради бактериска инфекција. Во јуни, Page Six ексклузивно откри дека пејачката била пронајдена неподвижна и онесвестена во нејзиниот дом во Њујорк по напорниот тренинг односно припреми за турнејата. Инаку, по хоспитализацијата која ги вознемири нејзините верни обожаватели, таа им се обрати на сите преку социјалните мрежи.
„Љубовта кон семејството и пријателите е најдобриот лек“, напиша 64-годишната пејачка на социјалната мрежа Инстаграм, заедно со неколку фотографии од нејзиниот син Дејвид Банда и ќерката Лурд.
Таа тогаш тврдеше дека видела страна од нив што никогаш не ја видела досега. Пејачката не остана долго во болница и се врати на пробите во август.
„Таа сè уште е во фаза на опоравување, но Мадона беше желна да се врати на пробите“, изјави тогаш извор за The Sun.
До почетокот на турнејата, Мадона преку социјалните мрежи редовно го најавуваше своето враќање на сцената, снимајќи се себеси во корсети, со многу шминка и експлицитни пози.
Инаку, „The Celebration Tour“ е најголемата турнеја на познатата музичарка, која ја води публиката низ неверојатните четириесет години од нејзината богата кариера. За потребите на турнејата беа пресоздадени 17 од најпознатите костими од импресивната кариера на Мадона. Концертот носи околу 45 песни, од кои некои ќе бидат отпеани во целост, додека некои ќе бидат ремиксирани или изведени само како мелодии додека тимот се пресоблекува и се подготвува за нова точка.