КРАЛОТ ЧАРЛС ВО НЕВОЛЈА : Омилените музичари одбија да пеат на неговото крунисување

Крунисувањето на кралот Чарлс III е закажано за 6 мај. сепак, се уште не се знае кој ќе настапи во музичкиот дел од програмата.

Имено, иако веќе се испратени првите покани за музичарите кои треба да настапат во чест на кралот ден по официјалното крунисување, поточно во замокот Виндзор, пристигнаа и првите одбивања.

Како што открива британскиот Сандеј Мејл, на листата на музичари кои ги посакувал кралот Чарлс Трети имало многу познати имиња, меѓу кои и Адел и Ед Ширан, кои веќе ги одбиле поканите.

“Кралот предложи кој би сакал да му пее, а Адел и Ед се на тој список. Тој многу сакаше да бидат на концертот. Во организацијата има тим кој е задолжен да контактира со ѕвездите, па тие испратија анкета и тие, но одговорот беше дека се зафатени, што е големо разочарување за сите, штета“, изјави извор близок до организаторите на крунисувањето.
Ед Ширан има концерт на 6 мај во Тексас, што оправдано го спречи да дојде во Виндзор, но Адел официјално нема ништо закажано за тие денови, бидејќи нејзините концерти во Лас Вегас завршуваат на 25 март.

Досега настапите ги потврдија Лајонел Ричи, како и Spice Girls, но не се знае дали со нив ќе настапи и Викторија Бекам.