Кралот и кралицата итно биле однесени на безбедно, откако мистериозна личност била забележана на блискиот покрив, неколку часа откако атентатор го застрелал Доналд Трамп, пишува Мирор.
Чарлс и Камила биле во посета на Сент Хелиер, Џерси, кога член на нивниот безбедносен тим ја забележал потенцијалната закана. Само неколку секунди по разговорот со локалните жители, тие биле преместени во блискиот хотел додека се вршеле проверки на лицето.
Инцидентот бил прогласен за лажна тревога откако полицајците разговарале со осомничениот и извршиле проверка. Тензиите биле зголемени бидејќи инцидентот се случил два дена откако вооружен маж за малку ќе го убиеше Доналд Трамп за време на неговиот митинг во Пенсилванија.
Сведок за The Sun изјавил дека тие разговарале со кралот кога ненадејно се појавил неговиот тим за обезбедување и рекол: „Тој мора веднаш да си оди“. Тогаш монархот бил преместен на безбедно.